Индиската диета е вистинско чудо – го чисти телото од токсини и симнува килограми лесно, без чувство на глад. Тајната е во едноставни намирници и зачини кои го забрзуваат метаболизмот.

Индиските жени важат за едни од најубавите во светот и често се меѓу првите на изборите за мис. Забележливо е дека ја одржуваат витката линија дури и во позрели години, благодарение на исхраната и зачините што ги користат. А кога ќе наталожат некој килограм повеќе, тие применуваат диета што не вклучува глад, пад на енергија и бескрајни одрекувања.

Традиционалниот начин на исхрана на Индусите, кој станува сè попопуларен и на Запад, се темели на древна мудрост, зачини и моќта на оризот. За разлика од многу диети кои ги исклучуваат јаглехидратите, индиската диета ги става во центарот на вниманието. Тајната е во комбинацијата на едноставни намирници со лековити зачини кои го забрзуваат метаболизмот и го прочистуваат телото од токсини. Резултатот? Здраво слабеење, повеќе енергија и уживање во секој залак.


Оризова каша

Оризовата каша со векови се користи во ајурведската медицина како лек за проблеми со желудникот, но и како основна диетална намирница. Варениот ориз, особено во комбинација со млеко, смирувачки делува врз дигестивниот систем и помага во детоксикација на организмот. Освен тоа, го снабдува телото со есенцијални минерали како калиум, фосфор, цинк, железо, јод и калциум, како и витамини од Б-комплексот, витамин Е и бета-каротен.


Зачин што го забрзува метаболизмот

Индиската кујна користи кари – зачин кој не е само вкусен, туку и функционален. Неговата најважна улога во диетата е забрзување на метаболизмот и намалување на масното ткиво. Иако се користи во мали количини, неговата моќ е голема бидејќи ја поттикнува разградувањето на мастите и помага во стабилизирање на шеќерот во крвта. Истражувања во Холандија покажале дека секојдневна консумација на кари може да доведе до губење на два до четири килограми за само две недели – и тоа без големи промени во исхраната.


Зачин против прејадување

Вториот важен зачин е циметот, кој е одличен сојузник во борбата против прејадување. Неговата слатка арома и способноста да ги „обложи“ ѕидовите на желудникот создаваат чувство на ситост, што може да помогне во регулирање на апетитот. Дополнително, циметот има благо термогено дејство, односно го поттикнува согорувањето на калориите и стабилизира нивото на шеќер во крвта.


Чај што го забрзува варењето

Во индиската диета особено место има црниот чај. Овој едноставен, но моќен напиток помага во варење, го намалува апетитот, го елиминира вишокот течности и тешки метали од телото, и значително го намалува процентот на маснотии. Редовното консумирање црн чај не само што освежува, туку и го поддржува организмот во природниот процес на детоксикација.


Баланс, а не глад

Индиската диета се заснова на баланс, а не на глад. Нејзината моќ е во едноставните состојки и древната филозофија на исхрана која го почитува ритамот на телото. На овој начин може да се симнат вишокот килограми без стрес, замор и нервоза.