Знаеме дека најголемиот страв на родителите е да не се случи нешто лошо на нивното неродено дете.
Поради тоа родителите читаат книги за бебиња, купуваат заштитна опрема, а некогаш и опсесивно се грижат за безбедноста на своите деца. Дури и тогаш, постојат некои работи кои едноставно не се во нивна контрола.




Кога Елизабет Хатчинсон одвај била на половина од својата бременост со синот Ричард, сфатила дека има проблем.
“Едноставно не можев да бидам комфорна, не можев да спијам. Отидов кај својот лекар, а тој ми кажа: ‘Обидувај се'”, рекла мајката од Минесота за “VCCO”. “А во тоа време немаше ни 21 недела. Не знаев што да мислам. Не смее бебето да дојде. Не сум ни на половина од бременоста”.




Но, бебето Ричард сепак дошло и се родило со помалку од половина килограм. По породувањето, детскиот неонатолог од Минесота, д-р Стејси Керн и нејзиниот тим им ги пренеле лошите вести на новата мајка и нејзиниот партнер Рик.
“Знаеме дека бебињата родени во 21-ва недела обично имаат лоша прогноза, па така семејството доби 0 проценти шанса за бебето Ричард”, вели Керн. Тоа дете, меѓутоа, имало други планови. По шест месеци престој во болница, бебето Ричард можело да оди дома.




Денеска тој не само што преживува – туку и напредува. “Ричард постојано ги надминува сите очекувања и сите научивме многу грижејќи се за ова бебе”, рекла Керн.
Ричард сега тежи 13 килограми. Се одвикнува од кислородната поддршка и му растат заби како на секое друго дете од 10 месеци.
“Роден е со 10,63 инчи, а сега е долг 24 инчи”, вели мајката. “Ова дефинитивно е чудо”.




“Да се гледа Ричард како расте и како се развива во оваа среќна мала неверојатна личност, едноставно не постои друго чувство како тоа”, додава гордиот татко Рик.
Приказната на Ричард е толку единствена што наскоро би можел да биде прогласен за најмалото бебе кое некогаш преживеало. Гинисовата книга на светски рекорди го контактирала семејството и кога ќе наполни 1 година, Ричард веројатно ќе биде додаден во книгата.




Елизабет и Рик креирале “GoFundMe” профил за кој сака да помогне за медицинските трошоци за Ричард.
