Во недела, 24 септември, МПЦ и нејзините верници го слават денот на Света преподобна Теодора, која ги искупи гревовите иако го изневери сопругот.
Теодора живеела во петтиот век пред нашата ера во Александрија. Го изневерила сопругот, а лекар-вештер ја убедил да изврши прељуба. Штом го направила гревот, совеста почнала да ја гризе. Ја скрати косата и се облече во машки костум, а потоа отиде во машкиот манастир Октодекат под машко име – Теодор.
Нејзиното дело, постот, бдението, смирението и покајанието ги воодушевиле сите браќа. Наклеветена од жена дека забременила со неа, Теодора не сакала да се оправдува, сметајќи ја таа клевета како божја казна за нејзиниот претходен грев. Избркана од манастирот, таа поминала седум години во шумата и пустината, а го доела и детето на таа блудница.
Таа ги надмина сите искушенија: не сакаше да му се поклони на сатаната, не сакаше да прима храна од рацете на војникот, не сакаше да го слуша советот на нејзиниот сопруг да се врати кај него – затоа што беше сето тоа само дух на ѓаволот, а штом Теодора се прекрсти со крстот, сè исчезна како чад
По седум години, игуменот ја примил во манастирот, каде што живеела уште две години. Дури по смртта монасите сфатиле дека се работи за жена, на игуменот му се јави ангел и сè му објасни. Нејзиниот сопруг потоа дошол на погребот и останал во ќелијата на поранешната сопруга до неговата смрт.
Света Теодора имаше голема милост од Бога: скротуваше ѕверови, лекуваше болести, вадеше вода од сув бунар. Така Бог ја прослави вистинската покајничка, која со херојско трпение 9 години се покаја само за еден свој грев.
Неколку години подоцна била прогласена за светица бидејќи се верува дека била вистинска покајничка која со херојско трпение се искупила само за еден нејзин грев.
Христијанството проповеда дека ако жените згрешиле, следниот ден да се покајат, а мажите да најдат сила да им ги простат гревовите на своите сопруги, како што направил сопругот на Теодора.