Додека пазарот на недвижности ширум светот се лади, кај нас сликата е сосема поинаква. Се додека побарувачката е поголема од понудата, цените на становите ќе растат, вели архитектката Бранка Бошњак и открива кога се очекува да почнат да паѓаат цените.

Цената на недвижностите постојано расте во последните осум години. Во некои градови поскапувањето на метар квадратен може да се забележи и на месечно ниво. Покрај купувачите, се повеќе има и странци кои се одлучуваат да вложат пари во купување на недвижен имот.

Во последните неколку години сме сведоци на експанзија на градежништвото, пред се станбеното, што е одлично за економијата на секоја земја бидејќи го генерира севкупниот економски развој.

– Што се однесува до цените на истите тие станови, тоа е економска категорија, односот понуда и побарувачка. Бидејќи во последните години има многу голем прилив на нови жители во главниот град, побарувачката расте, но економската криза ја носи и идејата за инвестирање во недвижности. Сето тоа ја крева цената на недвижностите, но таквите високи цени се генерираат со градење во луксузни населби. Тие луксузни населби дадоа огромни цени, кои се прелеаја на цените во централните градски општини, а со тоа поскапеа и во приградските населби – вели архитектката Бранка Бошњак.

Новиот Генерален план ќе дефинира уште многу зони за нова градба. Кога ќе заврши процедурата за легализација, ќе се создаде фонд на нови законски регистрирани станови , објаснува Бошњак.

– Очекувам во следните година-две цените да се консолидираат, а потоа да паднат – смета Бошњак.

Со завршувањето на пописот на населението се создадоа услови за креирање на нов Генерален план. Тоа е стратешки план кој го дефинира целосниот развој на градот, ги дефинира неговите граници, т.е. опфат, дефинира економски, образовен развој, домување, заштита на природните и културните добра, здравствена програма на еден град.

– Овој Генерален план треба да реши многу голем број проблеми бидејќи треба да биде и рехабилитативен и развоен. Санација треба да ги реши сообраќајните проблеми, домувањето во приградските населби, кои често се нехигиенски и еколошки неповолни – објасни Бранка Бошњак