Никола Станишиќ, Македонецот кој победи во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, синоќа пристигна во родната земја.

По големата победа на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ синоќа се врати во Македонија, каде што го дочека вистинска еуфорија.

Една недела по финалето, во неговото родно место се собраа голем број луѓе – роднини, пријатели, фанови и сограѓани – заедно да го прослават успехот на младиот пејач. Атмосферата беше полна со емоции – се пееја песни, се слушаа громогласни аплаузи, а радоста се претвори и во солзи.

Никола, видно трогнат, им се заблагодари на сите за поддршката, се фотографираше со присутните и не одолеа – заедно со публиката запеа неколку песни. На социјалните мрежи објави видео со опис: „Моето Волково“, како знак на љубов кон местото од каде што потекнува.