„Кога се оженив, мојот сопствен татко ме изненади многу негативно. Првиот ден и се јави на мојата сопруга и на мене и ни рече дека ако сакаме да живееме во неговата куќа, треба да плаќаме кирија како сите станари кои плаќаат. Тој ни нареди да му плаќаме по 200 евра месечно, не можев да поверувам, а кој можеше…

Од тој момент жена ми постојано се жали, провоцира, ме навредува… вели дека моите родители не се родители и дека се големо зло. Речиси секој ден бараше од нас да се преселиме кај нејзините родители, кои не ни наплаќаа, но… јас не сум човек кој може да го прифати и поднесе тоа. Машко сум, не сум девојка…

Се обидов да разговарам со мама, на сите можни начини, но не помогна… Уште поголем проблем настана кога се роди нашата ќерка, трошоците драстично се зголеми, па дури и тогаш татко ми не разбираше. На први секој месец требаше прво да му ја плаќаме киријата, а потоа и сите други обврски што ги имаме.

Стана многу тешко и пред неколку дена сепак се согласив да одам да живеам кај женами нејзините родители дома со бабата и дедото, одлука што многу ја израдува мојата сопруга, но не и моите родители…

Кога му го кажав тоа на татко ми, тој отиде во спалната соба, и по неколку минути се врати со 23.000 евра во ГОТОВИ…

На секои 200 наши, додаваше 200 свои и така скоро 5 години.. Како што вели, сакал да не изненади со стан за јас и мојата сопруга, сега и ќерката да имаме свој дом. Ми даде пари и ми рече: „Оди каде сакаш, троши како сакаш, прави што сакаш, живеј каде сакаш, но знај дека мојата врата е секогаш отворена за тебе…“

Кога сето тоа и го кажав на жена ми , ми кажа дека сето тоа се празни приказни и дека татко ми повторно се обидува да ме искористи, се спакува и отиде кај нејзините родители. Сè уште сум дома… се чувствувам како да сум на раскрсница со животот, не знам што да правам, како да постапам… 4 дена ја немам видено ќерка ми, срце пука од тага…“

error: Content is protected !!