Домашниот џем е неизбежен дел од есенскиот период.
За многумина токму бабиниот слатко или пеќмез од сливи е првата асоцијација на детството, семејниот дом и вистинската, топла храна.
Денес, меѓу купечките џемови преполни со адитиви, вистинска реткост е да се најде рецепт без ниту трошка конзерванс.
Токму еден таков ви го донесуваме во продолжение.
Состојки за џем од сливи:
-
5 кг зрели сливи
-
500 г шеќер (по избор, во зависност од сладоста на овошјето)
Подготовка:
-
Подготовка на сливите – добро измијте ги, исчистете ги и извадете ги кошките.
-
Варење на тивок оган – ставете ги сливите во тенџере со подебело дно и варете ги на бавна температура со често мешање за да не загори смесата.
-
Додавање шеќер – пред крај додадете шеќер само ако сливите се покисели. Традиционално, пеќмезот е најдобар кога е што поприроден.
-
Готово е кога лажицата стои – вистинскиот пеќмез е густ, темен и не се разлева од лажица.
-
Стерилизација на теглите – врелиот пеќмез сипете го во загреани тегли, затворете ги и завиткајте ги со ќебе додека целосно не се изладат.
Зошто е посебен?
Џемот од сливи без конзерванс може да трае со месеци, ја задржува природната количина на витамини и растителни влакна и може да се јаде:
-
со леб,
-
со палачинки,
-
со колачи,
-
или едноставно со лажичка – како десерт исполнет со носталгија.
