Пејачката тврди дека ќе дојде време кога ќе зборува за сè за што се пишува и зборува, и дека е благодарна што станала мајка.

Познатата пејачка Милица Тодоровиќ се јави од болница и откри како се чувствува по породувањето, посочувајќи дека ѝ се изгубило млекото.

Таа вели дека ќе има време кога ќе зборува за сите теми што ја следат во јавноста и дека е благодарна што се остварила како мајка.

– Ми се исполни најголемата животна желба – да се остварам во улогата на мајка, и му благодарам на Бога за тоа. Ќе ве замолам, како што досега ги почитувавте мене и моето семејство, така и да продолжите. Кога ќе дојде време, ќе зборуваме за сè, а сега само сакам да се опоравам и да бидам среќна со моето дете – изјави Милица Тодоровиќ.

Таа додаде:

– Од стресот поради приказните што следеа по породувањето, го изгубив млекото. Сега најважно ми е здравјето на детето – порача пејачката.

Мајка ѝ оперирана

Инаку, мајката на Милица Тодоровиќ, Јасмина Тодоровиќ, итно била оперирана.

Според наводите, поради тоа ни Јасмина ни нејзиниот сопруг Милан не присуствувале на прославата по повод раѓањето на внукот Богдан, а родителите се обидуваат да не ја изложуваат пејачката на дополнителен стрес и ја советуваат што повеќе да одмора.