Епа, бидна и тоа! 😃

Благодарение на Бога и дарежливоста на Неговиот народ, денес Евангелска Црква беше во можност да достави 63 комплети постелнина (чаршави, навлаки, перници, јоргани и фротирки) за Детското Одделение и Неонатологија при Општата Болница во Велес, и со тоа целосно да ги опреми двете одделенија.

Наредната недела пристигнуваат комплетите од постелнини и шпикозни, бодија, бенкичиња, капчиња, итн., за новороденчињата, со што тогаш и официјално ќе го заокружиме ова убаво дело. Овие слики сега зашто не можеме да ја задржиме радоста дотогаш! 😊

Ви благодарам на сите што на ваков или онаков начин земавте учество и дадовте придонес кон ова, нека Господ Исус ве благослови и преблагослови! Сетете се на Неговите зборови, кога рече: „Што и да им направите на овие најмалите, Мене сте ми направиле“.

Слава на Бога за сѐ!