Вчера „од нигде-никаде“ на прагот на црквата се појавија две девојки, католици од Франција, кои без ништо, без храна и пари, тргнале пешки за Ерусалим, пред четири и кусур месеци.




Ова се нивните „стеки“ за одење. На нив ги има испишано овие стихови: „Ќе чекорам со Господа во земјата на живите“ и „Слава на Господа, сладок и смирен по срце“.




Драго ни е што Господ ни ги донесе и што можевме да ги укрепиме на нивниот пат, откако биле одбиени на други места. Сега, одморени и наспани, заминуваат на нивниот пат.




Писмото ни вели: „Гостољубивоста не запоставувајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели.“ (Евреите 13:2)





