Човек отишол во црква. Заборавил да го исклучи телефонот, па му заѕвонил за време на молитвите. Пасторот го прекорил, верниците го искарале со поглед, земале го „поучиле“ по богослужбата, а жена му не престанала да му држи лекции по патот накај дома. Заради тоа нешто, човекот понижен и посрамен одлучил веќе да не стапне во црква.

Истата вечер отишол во бар. Додека седел на шанкот, несакајќи ја турнал чашата и ја истурил пијачката. Уште вознемирен и нервозен од утрото, чекал повторно некој да го искара.

Наместо тоа, шанкерот без приговор му подал салфети, па љубезно земал да избрише околу него. Газдата што седел тука му рекол на шанкерот да му стави нова пијачка, на сметка на куќата.

Келнерката, заради работата веќе искусен „психолог“, на минување го прегрнала и му рекла: „Немај гајле па ти, на сите ни се случува да сме нервозни и анксиозни за нешто, ајде, ќе биде…“ Човекот од тој ден не престанал да оди во тој бар.

Мислам дека на сите ни е јасна поуката, ама ај, пак да си кажам. Браќа и сестри, иако сите знаеме дека во црквата треба да има ред и должна почит, сепак да не забораваме дека во Црквата не постои повик и служба на падари, туку сите сме повикани да подадеме љубов и љубезност кон секој човек, да практикуваме трпение кон послабите, со личен пример да покажеме што треба и како треба, а над сè да не заборавиме дека човекот е поважен од правилата, дека Христос Самиот не се двоумеше да ги прекрши правилата и одредбите на она време, само за да ги донесе назад изгубените синови и ќерки на Отецот.

Милоста слави победа над осудата, така вели ап.Јаков.