Во овој предизвик потребно е само да ја откриете законитоста и меѓусебниот однос кој постои помеѓу броевите од лева и десна страна.
Колку и да не верувате, тие се еднакви.
Собирајте, одземајте, множете, делете. Вклучете го мозокот и сите математички функции.
Доколку не успеете да откриете како се добиени резултатите, ви нудиме помош подолу.

Прво одземете го вториот број од првиот на левата страна. Тој ја дава првата цифра на бројот од десната страна.
Потоа соберете ги двете цифри од левата страна, за да ги добиете останатите цифри од броевите на десна страна.
На пример 6-4=2 и 6+4=10, што значи 6+4=210.
