Иновативната терапија ги зголемува шансите за лечење без хемотерапија.




Пациентите кои се заболени од леукемија би можеле да бидат поштедени од хемотерапија благодарение на новата комбинација лекови кои овозможуваат подолг период на ремисија и даваат помалку непосакувани ефекти.




Хроничната лимфоцитна леукемија влијае на белите крвни зрнца, онеспособувајќи го организмот да се бори против инфекции и во мал број случаеви дозволува целосно излекување. Наместо тоа, пациентите кои се заболени од оваа болест се принудени да живеат со неа, подлегнувајќи на лечење се со цел болеста подолго да се држи под контрола.




Имајќи во предвид дека болеста се развива полека, докторите мора да почекаат да бројот на малигни клетки во крвта дојде до одредено ниво за засиленото лечење да биде оправдано и ефикасно.




Иако пациентите после хемотерапија можат да се прогласат за излечени, леукемијата во голем број случаеви сепак се враќа, што бара продолжување на борбата.




Типично, првиот период на ремисија без леукемија трае три години, но секој пат кога се користи хемотерапија лечењето станува помалку ефикасно. Во просек, 70% од пациентите преживуваат пет години или повеќе со таа болест. Меѓутоа, шансите се помали доколку пациентот подолго време е болен и доколку е постар.




Новоодбрената комбинација на лекови “венетоцлак” и “обинутузумаб” за кои порано овој месец се даде зелено светло во Велика Британија од страна на регулаторите на Националниот институт за здравје, им овозможува на пациентите да во потполност се откажат од хемотерапија.




Професорот Петер Хилмен, советник за клиничка хематологија во “Leeds Teaching Hospitals NHS Trust” вели дека терапијата ќе има “ефект кој ќе го промени животот на сите заболени од леукемија”.




-Секој пациент сега ќе има модерна терапија која не само што ја исклучува хемотерапијата, туку ги подобрува и шансите за преживување, што претставува голем чекор напред – истакнал професорот Хилмен.




Зошто леукемијата е опасна?
Белите крвни зрнца се главната одбрана на имуниот систем од инфекции. Се развиваат во коскената срж, од каде што патуваат во крвотокот. Леукемијата се јавува кога коскената срж започнува да создава абнормални количини бели крвни зрнца кои не се во целост развиени, па не можат да го заштитат организмот.




Кога во организмот има премногу абнормални клетки, тие ги истискуваат функционалните и имуниот систем станува неспособен да се бори дури и против мали инфекции.




Големиот број лимфоцити можат да се насоберат во лимфните чворови – жлезди на вратот, под пазувите и во препоните кои се витални делови од имунолошкиот систем – што доведува до оток. Но често тоа поминува незабележано додека лимфоцитите не достигнат високо ниво и имуниот систем не стане загрозен.




Разлика во лечењето
Кога се лечи со хемотерапија, пациентите имаат низа непосакувани ефекти, вклучувајќи мачнина, хроничен умор и губење на косата. Меѓутоа, иако новиот третман против леукемија не е без ризик – неговите непосакувани ефекти вклучуваат мачнина, дијареја и ретко, откажување на црниот дроб – истражувањата откриле дека пациентите сметаат дека е поподнослив.




Дневните таблети “венетоклакс” се даваат со повремена интравенска инфузија “обинутузумаба”.




“Венетоцлак” делува така што го ограничува производството на видо протеин кои на клетките на ракот им се потребни за да преживеат, додека “обинутузумаб” помага имунолошкиот систем да ги воочи и отстрани абнормалните клетки.




Испитувањето на ефикасноста на комбинацијата покажала дека 81% од испитаниците влегле во ремисија најмалку три години, во споредба со 49% од пациентите на хемотерапија.




Искуството на учесниците од истражувањето: “Процентот на абнормални клетки падна од 70 на 0,2%”




Џон Шоу, 70 годишник учесник на истражувањето од Лидс, случајно открил дека има леукемија пред скоро десет години. Заминал во болница откако при цепење дрва почувствувал болка во градите. Заклучиле дека тоа бил само напор на мускулите, но тестот на крв открил абнормални клетки во неговиот имунолошки систем.




-Никогаш не сум слушнал за леукемија до таа вечер. Само го слушате зборот леукемија и помислувате “Готов сум” – вели Џон.




Пет години подоцна, докторот му рекол дека болеста напредувала до таа мерка да е време за лечење. Упатен да се јави на професорот Хилмен, се придружил на програмата за експериментално лечење.




За нешто помалку од две години, концентрацијата на абнормални клетки во телото на Џон паднала од 70, на само 0.2%.




-Секој пат кога излегував од болница, бев пресреќен што сум жив и што се чувствувам подобро – раскажа Џон.




Во ноември 2017. година, лечењето е завршена, а кај Џон е утврдено дека нивото на абнормални клетки од тогаш е низок.




Професорот Хилмен вели дека е мала веројатноста дека ракот на Џон ќе се врати на опасно ниво уште најмалку десет години.




Доколку сепак тоа се случи, тој ќе може да се бори против неа со комбиниран третман.




-Пациентите можат да поминат години на хемотерапија, нарушувајќи го квалитетот на живот за некако да го продолжат, но големи се шансите дека нема да успеат да ја победат леукемијата. Новата терапија ќе им го продолжи животот на пациентите, но исто така ќе им овозможи и да продолжат со своите хоби и да останат активни – заклучува професорот Хилмен, пишува српски Телеграф.
Фото: Илустрација
