Едноставен рецепт за здрава чорба која го зајакнува целиот организам.
Летниот зеленчук е во полн ек, а пазарите се преполни со свежи плодови. Ова е едноставен рецепт за вкусна и хранлива чорба богата со витамини и минерали, подготвена без запршка и без брашно.
Потребни состојки:
- 1 мала главица кромид
- 2 свежи моркови
- 1 помал целер
- 1 свежа пиперка
- 1 поголем компир
- половина тиквичка
- 3 лажици замрзнат грашок
- 3 лажици замрзната слатка пченка
- малку карфиол или парче свежа зелка исечкана на коцки
- 3 лажици ориз
- 1 зрел и сочен домат
- сув зачин и мелен црн бибер по вкус
- свеж магдонос
- малку масло за динстање
Подготовка:
Во тенџере ставете малку масло и додадете ситно сечкан кромид. Пропржете го додека да омекне.
Потоа додајте ги ситно исечканите морков и целер и динстајте ги со малку вода додека не омекнат.
Кога зеленчукот ќе омекне, додајте ги тиквичката и компирот исечкани на мали коцки. Продолжете да динстате уште неколку минути на умерена температура.
Потоа додајте ги грашокот и слатката пченка, налејте топла вода и оставете чорбата да зоврие.
Оризот добро измијте го под ладна вода, па додајте го во чорбата. Зачинете со сув зачин и мелен црн бибер по вкус.
Пред самиот крај на готвењето додајте го излупениот и ситно исечкан домат.
Оставете чорбата да се вари околу 25 до 30 минути, во зависност од јачината на шпоретот.
На крај пробајте ја и, доколку е потребно, додајте уште малку сол.
Тргнете ја од оган и посипете ја со ситно сечкан свеж магдонос. Послужете ја топла.
