Да се запознаеш со Бог е единственото нешто што може да го угаси копнежот на твојата душа .

Исус Христос рече : „ Јас сум леб на животот. Оној што ќе дојде кај мене нема да биде гладен ; оној што верува во мене , никогаш нема да биде жеден “.

Се додека не го познаваме Бога , ќе живееме гладни и жедни . Ние се обидуваме да ја изгаснеме нашата глад и жед со „ пиење и „ јадење “ разни работи , но без успех .

Дури и во нацистичкиот затворски камп знаела дека Бог е сосем доволен за неа :

„Основата на нашата среќа е да знаеме дека сме скриени во Христа со Бога . Можеме да веруваме во Божјата љеубов – во нашиот спасител , кој е посилен од најтемниот мрак”

Кога го игнорираме Бога , обично бараме исполнување во други работи , но повторно никогаш не сме задоволни.

Се повеќе „ јадеме ” и „ пиеме “ со погрешно верување дека ова е решението за нашиот проблем , но никогаш не сме целосно задоволни .
Нашата најголема желба е да го познаваме Бога , да имаме врска со Бога . Зошто ?

Затоа што сме создадени на тој начин .