Драмата на Северина со нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ, како да нема крај. Според хрватските медиуми пејачката треба да му плати 20,000 евра на Милан, а а причината ќе ве запрепасти.

Според медиумите на крајот на минатата година, финансиската агенција ФИНА во Хрватска наводно и издал налог за присилна наплата на Северина во износ од околу 150 000 куни, односно околу 20 000 евра.

Присилната наплата, наводно, ја нарачал судот, затоа што таа навреме не му го вратила хрватскиот пасош на малолетниот син кај поранешниот партнер, бизнисменот Милан Поповиќ.

Одлуката за присилна наплата ја донесел општинскиот граѓански суд во Загреб во јуни минатата година, а повисокиот суд ја одбил жалбата на Северина и ја потврдил казната. Во одлуката, наводно, било наведено дека ако Северина не постапи според решението, наводно ќе треба да плаќа 1.000 куни или околу 133 евра за секој ден одложување.

Ова не е единствената судска казна за пејачката. Судот во Загреб во јуни минатата година, наводно, ја казнил пејачката во износ од 5.000 куни, или околу 666 евра, затоа што на својот профил на Инстаграм објавила фотографија од својот син дури и покрај судската забрана.