Парното греење во Скопје поскапува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена ќе се пресметува со сметките од декември, кои граѓаните ќе ги плаќаат во јануари.

„Единствената причина за зголемувањето на цената на топлинска енергија е потребата да се инвестира во мрежата за затоплување. Долги години не е вложувано, а сега кога мрежата ја управува државна компанија, сигурен сум дека во следниот период системот ќе биде подобрен“, изјави претседателот на Комисијата, Марко Бислимоски.

Одлуката за поскапување е следна:

  • ЕСМ енергетика: зголемување за 7,6%

  • Скопје Север: зголемување за 7,7%

Најголемиот систем за топлинска енергија снабдува околу 62.000–63.000 потрошувачи, во Железара има околу 1.000, а во Скопје Север околу 450 потрошувачи.

„Она што го побаравме е системот во Железара и оној во Скопје да се спојуваат, бидејќи нема логика да се определуваат две различни цени“, додаде Бислимоски.