




Стојна Маџовска имала нормален семеен живот, со планови да направи соодветен дом и да обезбеди убави услови за децата и внуците. Можеби ќе успеела, доколку пред три години не се случила несреќа во нивниот дом.




Наместо да се подготвуваат за свадба тие резервирале болнички кревет, бидејќи нејзиниот сопруг, како возач на камион, направил тешка сообраќајна несреќа која им ја менува судбината на сите членови од семејството.




За да може да ја спаси главата на семејството, Стојна зема кредит кој ги исцрпува финансиски и ќе направи подоцна да немаат ниту за елементарни услови за живот.




Во такви услови живеат и денес, а вработена е само таа. Сопругот поради здравствената состојба е спречен да работи, а синот на Стојна, Тоше, е лице со попреченост. Тој е оженет со Ели, негова соученичка и денес имаат две мали деца. Ана, две години и Давид, кој е сè уште бебе.




За жал, капката од преполната чаша со проблеми ја претура состојбата на малата Ана, која боледува од епилепсија и за која ова семејство нема основни финансиски средства за да го лекува понатаму. Но, и состојба која го вади од колосек нормалниот живот на ова семејство и ги прави премногу тажни и беспомошни.




Најтежок проблем во моментов е состојбата на малата Ана, која има само две години и која им задава навистина големи стресови. За жал, таа има епилепсија со тешки епилептични напади, па, и последните пари Стојна некогаш ги дава на испитувања и доктори, а понекогаш за жал мора и дополнително да работи, за да не ги остави без леб децата.




Спас за ова семејство покрај финансиска помош за да преживеат и да ја лечат малата Ана, е вработување за Тоше, за да може и тој да преземе дел од товарот кој на плеќи го носи Стојна, и за да не мора да остава жена со болно дете и да замине во странство да работи.




Сите што сакате да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите на оваа жиро-сметка 250-5000224788-66 Шпаркасе банка или на овој телефонски број 072/242435




Целата сторија можете да ги прочитате на Prikazna.mk
Автор Оливера Петрушевска
