Владимир Путин е еден од ретките политичари кој успева да го држи своето семејство подалеку од очите на јавноста, па ретко кој знае како изгледаат неговите деца, но и неговата сопруга.




Кај рускиот претседател можеше да се слушне разни приказни, од тоа како тој поседува прекрасна вила до неговата љубовница во странство, но се се сведува на кажаните приказни. Никој нема докази дека е тоа така. Путин сака да го задржи приватниот живот и успева. Нема проблем да се вози пред камера без маица или да ги покаже своите боречки вештини, да плива… но кога се во прашање децата, тој е строг. Не пред камерите.




Владимир Путин официјално има само две деца, две ќерки – Екатерина и Марија, кои ги доби со сопругата Људмила Шкербнев. Со неа е во брак 30 години.




Марија е родена во Ленинград во 1985 година, а Екатерина или Катарина е родена во Германија во 1986 година, кога семејството живеело таму за време на ангажманот на нејзиниот татко во КГБ. И двете девојчиња ги добија имињата на нивните баби. Прекарот на Марија е Маша, а на Катарина Катја.
Кога семејството се преселило во Москва во 1996 година, девојчињата посетувале училиште на германски јазик. Тие, наводно, биле избркани од училиште кога Путин станал в.д. претседател, а наставниците ги школувале дома.




– Не сите татковци ги сакаат своите деца како што тој ги сака своите девојчиња – напишала Људмила на веб-страницата на владата на Путин.




Патем, Марија студирала биологија на универзитетот и отишла на медицинско училиште во Москва, додека Катерина дипломирала азиски студии на колеџот. И двете девојчиња учеле на колеџ под лажен идентитет.




Марија има 36 години и работи како медицински истражувач во Москва и живее со нејзиниот сопруг Јорит Фасен. Марија и Јорит наводно имаат едно дете.

Од друга страна, Катерина живее во луксуз и се стекнува со богатство. Таа денес има 35 години и е искусна акробатска танчерка, но има и висока позиција на Московскиот државен универзитет, водејќи нова компанија вредна 1,7 милијарди долари.




Таа се омажи за рускиот милијардер Кирил Шамалов во 2013 година.Сепак, парот се развел во 2018. Разводната парница откри дека заедничкиот имот вреди дури две милијарди американски долари. Конечно, се вели дека Путин има трета ќерка, но и синови близнаци со неговата поранешна девојка, руската ритмичка гимнастичарка Алина Кабаева. Откако престана да се занимава со гимнастика, Алина стана пратеник во партијата на Путин, Единствена Русија.




Во 2013 година, рускиот опозициски лидер Алексеј Навални тврдеше дека Путин и Алина биле во брак. На Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, тие беа видени како носат бурми, а Алина носеше факел на церемонијата на отворање. Путин редовно ја негираше нивната врска.




Поранешната гимнастичарка наводно ја родила нивната ќерка во Швајцарија во 2015 година, а во 2019 година, според гласините во Москва, родила синови близнаци, но тоа никогаш не е потврдено. Единствено што се знае е дека рускиот претседател има два внуци кои се родени во 2012 и 2017 година.
– Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање. Тоа мора да се почитува – рече еднаш Путин.
Тој доби и ќерка со чистачка




На крајот на ноември 2020 година, во медиумите се појави веста дека Путин наводно имал ќерка со поранешна чистачка. Елизабет Кривоногих или Луиза Розова е родена во 2003 година за време на првиот мандат на Путин во Кремљ, додека тој сè уште беше во брак.




Велеа дека е љубовница на Путин: Светлана му роди ќерка и од чистачка се претвори во милионер
Нејзината мајка е Светлана Кривоногих, некогаш чистачка, а сега милионерка која поседува бројни луксузни имоти во Москва, Санкт Петербург и Сочи.




Фотографии од оваа тинејџерка кружат низ светските медиуми и на социјалните мрежи, а се коментира дека многу личи на рускиот претседател.

