Ви пренесуваме ФБ статус од Филип:
„Нема потреба од никакви построги мерки, карантин од неколку дена нема да даде резултати.“ – мин. Венко Филипче
Памтете го ова за Велигден, јас ќе Ве држам за збор.




Ако, еве и ние најавивме пред време. Туку, сериозно, прославата на Велигден нема да придонесе кон ширење на вирусот, ниту пак непрославувањето ќе помогне во намалување на стапката на заразени, тоа барем е јасно после година дена искуство со ова нешто.




Кога некакви мерки можеа да дадат резултат (ако веќе можеа) ние се спремавме за попис, а сè после тоа е закаснето, и се сложувам со министерот дека веќе нема поента, за жал… но, тоа што би било ептен навредливо и дискриминирачки е ако се затворат црквите, со што индиректно ни се дава пораката дека ние христијаните сме неандерталци, не знаеме за ред и самоконтрола, па кој знае што ќе правиме и ќе бидеме причината за масовна трансмисија.




Со други зборови, 50-100 души во казино, без дезинфекција, маски и дистанца, се во ред и се посовесни од 50-100 души во црква со сиот ред и сите мерки…