Д-р Ненад Лазаров е роден на 17 март 1984 год. во Скопје, каде го завршува своето основно и средно образование.
Во септември 2010 дипломира на Медицинскиот Факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.




Одлично го познава англискиот јазик, а исто така има познавања и од словенечкиот јазик.




Доктор Ненад Лазаров, матичен лекар, е еден од најакутелните медицински лица на социјалните мрежи.
Тој секогаш на своите објави на социјалните мрежи има голем број на „лајкови“ и коментари, каде секогаш може да видите нешто ново.




– Граѓаните заслужуваат заштита и државата е должна да им ја овозможи, но доколку се продолжи со ваков однос при набавката на вакцините, граѓаните попрво ќе стекнат колективен имунитет, отколку што некому ќе биде потребна вакцина. Но, факт е дека вакцините мора да стигнат што е можно побрзо и вакцинацијата да отпочне, бидејќи така ќе се спасат многу животи, кои без вакцина можеби и нема да завршат добро – истакна Лазаров пред одреден период.




Сепак, она што го привлече вниманието е неговиот Фејсбук статус вечерва неколку минути по 21 часот, кога се затвораат сите угостителски објекти и на само еден час пред полицискиот час.




Кај Силбо. Племе. Срам да ви е на сите!, напиша Лазаров


