Се испокарале на сред свадба!

Пејачите Драган Којиќ Кеба и Јана Тодоровиќ пред неколку дена заедно настапувале на една ромска свадба, меѓутоа, како што наведуваат таму дошло до сериозен хаос бидејќи колегите се испокарале

Верувале или не, околу хонорарот и бакшишот.

Како што наведува изворот, на Јана и засметало што Кеба поголем дел од свадбата преседнал и “се гледал во огледалце“, со што го опоменала.

“Тие двајцата биле активни пејачи, а гостите несомнено нарачувале песни, но не инсистирале кои од нив двајца да пејат, со што Кеба малку и забошотувал. Секако, Јана тоа го забележала, па одлучила да му дае до знаење. Во еден момент, меѓу две песни Јана му се доближила на Кеба и на шега му рекла: ‘Ало бре, само седиш тука и се огледуваш, а јас работам за двајца! Можам и јас малку да седнам… неможам сама да заработам за двајца бакшиш и хонорар’, наведува изворот и додава:

“Кога Кеба тоа го слушнал веднаш рипнал и викнал: “Седи Јано, одмори се! Сега јас ќе работам барем два час во еден здив, не грижи се“. И навистина после тоа даде полн гас, баш добро поминаа двајцата. Јана не се наљутила на него, таман работа, само малку го испровоцира, но тие секогаш така се шегуваат“, завршил изворот.