Последните денови актуелна е црквата Св. Софија во некогашен Константинопол, а денешен Истанбул. Реформаторот Кемал Ататурк ја пренаменува во музеј за да биде неутрален објект и достапна за сите, но Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган неа ја прогласи за џамија. Интересно е што најмногу реакции пристигнуваат од Грција, наместо од Македонија.

Оваа црква за првпат е отворена на 27 декември, 537 година, чија изградба се случува кога со источното римско царство владеел Македонец – Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus, или познат како Цар Јустинијан I, роден во селото Таор, близу Скопје.

Св. Софија низ времето била повеќепати пренаменувана:

• Римска царска црква (537-1054), Православна црква (1054-1204), Католичка црква (1204–1261), Православна црква (1261–1453), Џамија(1453–1931), Музеј (1934-2020), Џамија (од 2020).