Миле има сосема необичен начин на исхрана, каков што ретко се среќава. Додека некои луѓе не можат да си го замислат јеловникот без месо, а други се хранат исклучиво со овошје и зеленчук, Миле е вистински феномен. Повеќе од три децении тој не вкусил свежа храна – неговиот организам, според него, бара стар леб, застоен грав, „стара“ чорба, а како десерт – труло овошје.

„Сè што е бајато мене ми одговара. Не можам да објаснам зошто, едноставно така е. Никогаш не сум се разболел, ниту сум имал некакви здравствени проблеми. Иако одам кон осмата деценија, без мака работам и заработувам. Никогаш немав ни најмал проблем со желудникот. Верувам дека организмот ми се навикнал и развил отпорност на бактериите и затоа немам тегоби,“ раскажува Миле.

Луѓето што добро го познаваат велат дека не паметат да го виделе да јаде нешто свежо, ниту пак да се пожали на стомачни проблеми. Според нив, можеби токму тоа е тајната на неговата виткост и издржливост.

„Ако му се зготви свеж оброк, тој ќе го земе, но нема да го јаде веднаш. Го остава да отстои ден-два и дури тогаш го јаде. Не сака храна направена истиот ден. Често знае да најде млеко што стоело подолго време, да изгледа сосема расипано, а тој без проблем го испива. И што е најчудно – го гледам како на студ оди бос,“објаснува негов познаник.

И покрај необичниот начин на исхрана, Миле никогаш не почувствувал тегоби. Единствено важно за него е храната да биде „старечка“ – што подолго стоена.

Многумина го сметаат за феномен што тешко може да се објасни дури и медицински. И додека луѓе кои внимателно се хранат понекогаш немаат сила ни кратка прошетка да направат, Миле – со своето „буѓаво мени“ – работи, се движи и функционира како човек многу помлад од него.