Оваа приказна опишува само еден од многуте случаи на сиромаштија, но исто така го враќа верувањето дека благородни луѓе се уште постојат.
Се работи за еден дедо, а еве како сето тоа се одвиваше.
„Вчера отидов во продавница. Пред мене, старец во своите 80 -ти години. Два домати, тиквички, килограм брашно, килограм шеќер и некои ситници. Ништо луксузно, ништо премногу вредно или само за гурманите. Старецот го преврте паричникот, со само неколку метални монети. Касиерката броеше и дојде до скоро 60 денари.




Недоволно. Го прашува старецот дали да остави нешто настрана додека да земе уште пари , или нешто да одземе од сметката. Тој и вели да не остави ништо, бидејќи тој и баба му немаат повеќе пари дома, нека симне нешто.
Ги оттурнува со раката, неизвесно, тие два домати и тиквички и прашува што друго треба да остави од неговите скромни намириници. И давам на касиерката 62 денари и велам да му ги врати на господинот во торбата.




Тој гледа назад и вели: “Јас навистина немам ништо друго во мојот џеб, земи дел од она што сакав да го купам”. Касиерката му кажува дека додадов онолку колку што недостасуваше. Старецот ме погледна, збунет, а потоа погледна надолу и рече: “Што да правам сега?”
„Ништо. Земете ги вашите работи и одете дома, се е во ред “, му одговарам.
„Но, ова никогаш не ми се случило. Навистина не знам што да правам “, вели старецот, уште збунет.




„Па, има повеќе добри луѓе“, вели касиерката и таа гледа надолу.
„Дај ми барем телефонски број и адреса, и ќе ти донесам пари кога ќе имам“, вели дедо ми.
„Само одете, вие го направивте сето тоа и го заработивте пред многу години“, се обидувам со насмевка да ја скршам неговата агонија.




„Но, ова навистина никогаш не ми се случило, некој да ми помогне толку“, вели старецот и почнува да се тресе и да плаче во својата беда, како да му дадов грутка злато, а не стуткана банкнота. Касиерката ги спакува останатите работи во вреќи, и тешко и е и на неа. Веројатно работи за минимална плата и сигурно знае што значи да немаш.
„Дојди барем на кафе, морам да ти вратам“, плаче старецот.
„Не треба да правите ништо освен да се смирите и да си одите дома, да подготвите ручек и да се одморите“, се обидувам да го смирам со насмевка.




„Како се викаш?“ Ми ја подава раката.
„Никола“, му одговарам.




„Јас сум Јошко и ќе те паметам додека сум жив!“, Рече постариот човек.
Споделете ја овааа приказна оваа добрина заслужува да ја прочитаат што повеќе луѓе!
