Ќе се исплатат и останатите средства од „Мој ДДВ“ за првото тримесечје.




УЈП работела на техничко доусогласување, а вкупно 313.473 граѓани заклучно со вчера добиле поврат на ДДВ за првото тримесечје од 2021 година, со што се исплатени 392.105.912 денари.




Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, кажа дека исплатен ќе биде и останатиот мал процент средства.




Власта ја воведе оваа мерка со цел да се намали сивата економија, и сите граѓани барајќи фискални сметки да придонесат за поголема наплата на данок./Фактор
