Ана Килнер е жена која тешко се остава. Често во медиумите ја претставуваат како силна жена, мајка и лавица што се бори да ја заштити својата фамилија од јавниот притисок, но и од бројните љубовници на нејзиниот сопруг, фудбалерот Кајл Вокер.
Вистината е дека Ана е исклучително опасна жена, а најновите податоци до кои дошол „Дејли мејл“ го потврдуваат тоа.
Поврзаност со нарко-картел
Во јавноста излезе шокантна информација дека деловната партнерка и најдобра пријателка на Ана, Софи Хајнс, била во брак со извесен Грегори Бел — водач на глобален нарко-картел.
Се покажало дека дел од парите што Ана и Софи ги користеле за нивниот заеднички бренд за накит Demure Diamonds, кој се занимава со дизајн и продажба на „достапен“ луксузен дијамантски накит, потекнувале токму од картелот.
Грегори е уапсен и осуден на 18 години затвор, а јавноста беше згрозена од деталите — меѓу другото, тој плаќал приватно училиште за нивното дете во Англија 2.500 евра месечно, во готовина. Секој месец лично носел плико со кеш и успеал да се вовлече во високите друштвени кругови преку својата сопруга и нејзиното пријателство со Ана Килнер. Никој не можел да претпостави од каде доаѓа сето тоа богатство.
По неговото апсење, Софи се преселила во Дубаи, каде што се омажила повторно и очекува дете. Ана, и покрај скандалот, и натаму одржува блиски односи со неа и неодамна присуствуваше на забавата по повод нејзината бременост во Дубаи.
Мажот не може да се разведе од неа
Средината на минатата година Ана решила да го остави својот сопруг, кога дознала дека фудбалерот на Манчестер Сити има две деца со љубовницата Лорин Гудман. Поднела барање за развод и побарала половина од имотот — околу 15 милиони евра.
Но кога се појавила веста дека Вокер би можел да добие милионски трансфер во Саудиска Арабија, работите се променија. Ана ненадејно му простила. Двајцата повторно се зближиле за време на празниците што ги поминале со нивните четири деца.
Се зборува дека Вокер би можел да заработува 20 милиони евра годишно во Саудиска Арабија, а Ана не сака да се откаже од својот дел од тој „колач“. Таа е задоволна што ќе живее удобно — и што нејзиниот сопруг ќе биде илјадници километри далеку од љубовницата Гудман.
Мажот ја изневерил со најдобрата пријателка
Кајл Вокер и Ана биле во брак девет години. Таа е манекенка што ја запознал кога имала само 16 години, а тој 18. Од нивниот брак имаат четири деца. Но Кајл ја изневерил со нејзината најдобра пријателка Лорин Гудман — и таа останала бремена.
„Кога ми кажа дека направил дете со мојата најдобра пријателка, срцето ми се скрши. Не можев да поверувам дека ризикувал да ја изгуби семејната среќа поради тоа. Светот ми се сруши во тој момент“, изјавила Ана, која со Лорин делела најинтимни тајни.
Тоа не било првпат Вокер да ја изневери — претходно имал афера со старлетата Лора Браун, но Ана тогаш му простила.
„Лорин ми беше одлична пријателка. Постојано прашуваше како сме, бидејќи знаеше дека имаме криза во бракот. Ми велеше дека можам сè да ѝ доверувам. Планирав да го оставам, но не можев“, раскажала Ана.
Вокер ѝ ја признал аферата додека таа била на одмор:
„Мора да ти кажам нешто — една девојка е бремена, и детето е мое.“
По тоа, повеќе не се вратил дома. Без објаснување се преселил во друг стан во центарот.
Лорин, пак, тврди дека и самата била шокирана од бременоста, бидејќи била убедена дека е неплодна.
