Сузана Турунџиева повторно сподели нови заеднички моменти од дружењето со Атиџе Муратова

„Медена земја“ можеби не и ја донесе финансиската сигурност што главната протагонистка Атиџе Муратова ја очекуваше, но и донесе нови пријатели и познаници, кои се трудат да и помогнат.

Едно такво пријателство со познатата водителка и пејачка Сузана Турунџиева и Атиџе не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика и песни.

Атиџе Муратова, главниот лик од документарецот „Медена земја“, се уште предизвикува интерес во јавноста, главно поради нејзината скромност и непосреднос.

Од апсолутно непознат лик, Атиџе Муратова стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.

Со пчелите почнала да се занимава уште на 12 години, заедно со своите тројца браќа. Вели дека биле сиромаси и не можеле да купуваат храна, па решиле сами да почнат да си одгледуваат пчели. Нејзиниот дедо (таткото на мајка ѝ) одгледувал пчели.

– Дедо ми, таткото на мајка ми, имал пчели, но јас не го ни запознав. Мајка ми многу ми раскажуваше за него. Во тоа време секоја куќа чувала колку за јадење да има. Немало благо како сега во изобилство.

Сокови, чоколади, бонбони јас пробав пред некоја година. Некои гледаа пчели, па имаа мед, други вареа тикви, а некои пукаа пуканки. Ама отсекогаш се сметало дека каде што има пчели, има и богатство, односно храна.

Како деца купивме една тегла мед, ама сфативме дека нема да ни биде доволна. Така ни дојде идејата да почнеме со пчеларството да си правиме колку да имаме за јадење – вели Атиџе.
Таа има тројца браќа, од кои едниот живее во Дорфулија, другиот во велешкото село Кочилари, а од третиот брат има внуци во Валандово. Вели дека од нив добила поддршка за снимањето на филмот.

Пред околу два месеци популарната Сузе објави на својот профил на фејсбук пост со фотки од пред домот на Атиџе каде што се играше и се мезеше и пиеше. Беше весело, а причините ги наведе во постот:

Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза.Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Maria Duda и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел – да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна!Ви благодариме.

– Прекрасна трпезарија во медова боја, табуретки, фотелја, масичка со огледало и уште неколку додатоци за во новата куќа кои ја усреќија Атиџе, стои во објавата на Турунџиева.
Сега Сузе сподели нови фотки, но овојпат од внатрешноста на домот на Атиџе и покажа како е опремен со нов модерен мебел.


Огромна благодарност до моите пријатели Дик Фагус Пехчево, кои на Атиџе и изработија прекрасна трпезарија во медова боја, табуретки, фотеља, масичка со огледало и уште неколку додатоци за во новата куќа и ја усреќија Атиџе.