Една баба имала две крштевки во рок од две недели — едната кај внукот од ќерката, а другата кај внукот од синот. Но, нејзиниот потег предизвикал вистински шок.

При крштевката, бабата на внукот од ќерка му подарила 100 евра, а на внукот од син – 300 евра. Кога ја прашале зошто направила таква разлика, таа мирно одговорила:
„Па тоа ми е внук од син.“

Овој пример, споделен на социјалната мрежа X (поранешен Твитер), ја разгори јавноста и предизвика бројни реакции.

Иако живееме во 21 век, се чини дека во некои делови на општеството сè уште постои уверување дека машките деца се „повредни“. Тој менталитет, длабоко вкоренет во минатото, и денес создава нееднаквост меѓу машките и женските потомци.

Многумина реагираа остро:
„Да сум ѝ јас ќерка, тоа би бил последен пат што би нè видела,“
„Сигурно и ќерката ја воспитала дека е помалку вредна затоа што е жена,“
„Мизогинијата е голем проблем кај нас – ова не е исклучок, туку речиси правило.“

Некои коментари посочија дека овој случај е само дел од пошироката културна појава каде женските деца често се сметаат за „туѓа грижа“.

Еден корисник навел и уште поекстремен пример:
„Комшијата им дал на инвеститорите многу земја и добил неколку станови — сите ги префрлил на синот. Починатата ќерка не доби ништо, а кога ѝ ветил на нејзината ќерка еден стан, синот се побуни и девојчето остана без ништо. И тоа човекот не го крие – ‘Не морам јас да давам, има таа татко!’“

Коментари во одбрана на бабата речиси и да немаше. Некои само тврдеа дека нејзината поделба на пари и љубов е „нечија приватна работа“.

Сепак, за повеќето остана јасно – бабата не постапила праведно. Без разлика кој има повеќе пари или кој е „помалку ситуиран“, љубовта и вниманието кон внуците не треба да се мерат според полот на нивните родители.