Далеку во шумата имаше стара куќа скоро трошна. Во неа живеела една стара жена. Живеела сама, навикната на таков начин на живот и не сакала да оди во градот со своите деца.

Еден ден, нејзиниот најстар внук дошол кај старицата. Со себе ја донел и идната сопатничка за живот. Причината за посетата била бабата да ја запознае и да му го каже своето мислење, кое што тој многу го почитувал отсекогаш.

Кога ги угостила срдечно, таа почнала да ја гледа девојката. Била слаба, убава, вистинска кукла од излогот. Со многу шминка и накит. Таа носела облека што откривала повеќе отколку што криела.

Само што влегле во куќата, таа започнала со понижување да гледа во собата на скромната старица. Бабата воопшто не го сакала тоа. Кога се извиниле, решиле да се вратат во градот.

Баба, како и сите баби, отишла да спакува многу работи што ги има секоја селска куќа. Да ги испрати на нејзините деца. Внукот отишол под изговор да и помогне на својата баба, да го слушне нејзиното мислење. Целиот горделив, ја прашал баба му што мисли?

Знаеш, синко, јас сум стара и можеби глупава за тие работи, но знам дека тука во шумата, животните кои се многу мали и слаби, често имаат силни бои. Тие се отровни и се многу опасни за луѓето. Сепак, има и такви кои само имитираат опасност и се всушност безопасни. Искрено се надевам дека оваа твојата е една од таквите и дека нема да те заболи многу кога ќе те гризне.

Извор: београд.ин