Настасија Урбано беше една од најбараните европски манекенки во текот на 80-тите – оваа дама неколку пати ги красеше насловните страници на магазинот Vogue и други престижни списанија.

“Работев за сите списанија, сите ме сакаа. Заработив милион долари за една година, а работев само 20 дена таа година, а тоа се повтори три или четири години”, изјави поранешната манекенка за шпански “el Periodico”. “. Имав се, живеев како кралица“, додала таа.

Сепак, сега сè е променето; нејзиниот живот е дијаметрално спротивен од она што беше некогаш. Настасија ги жнееше плодовите на славата, но протече нејзината популарност, а наскоро и богатството – денес практично е бездомник, а живее во Барселона.

Настасија вели дека ја уништил познаник со маж кој подоцна и станал сопруг, а кој ја „стиснал“ до последниот денар, а потоа едноставно си заминал… Денеска истакнува дека нивните деца се единственото добро што го добила во тој брак.

„Го финансирав нашиот начин на живот, а тој ме остави само со облеката. Се плаќаше со мои пари. Само два дена откако го запознав сакаше да купи БМВ, а јас будала потпишав чек за него Бев заљубена“, изјави Урбано.

Поранешниот сопруг на Настасија ја разочарал до тој степен што таа целосно се распаднала и паднала во депресија, а потоа почнало и нејзиното малтретирање. Признала дека сопствениците ја избркале од станот, бидејќи не можела никому да ја плати киријата, па денес е осудена да талка од една на друга пријателка за да и даде кревет барем за една ноќ. Кога не сака никого да замара, ноќта ја поминува во куќите на банките.

“Сакам децата да ме гледаат во поинакво светло. Сакам да се опоравам како личност, сакам да се гордеат со мене”, рекла 57-годишната дама.

Инаку, таа ја започна својата кариера во Барселона, а работеше за голем број луксузни брендови, меѓу кои и Revlon и Yves Saint Laurent. Таа се дружеше со Џек Николсон, Роман Полански и Енди Ворхол, а беше и еден од гостите на свадбата на Мадона и Шон Пен.

Кога протекоа вести за моменталната ситуација на некогаш познатата Настасија, група поранешни колеги и познаници решија да направат се што е во нивна моќ за да и помогнат да застане на нозе.

“Никој не би помислил дека ова е можно. Со нас се однесуваа како принцези, но таа беше третирана како божица. Таа не го заслужи ова. Ќе и помогнеме веднаш штом разговараме со неа и дознаеме што и треба. “, изјави поранешната манекенка Рут Шулер, која изјави дека Настасија ја памети како отворена, дарежлива личност.

Се огласи и поранешниот колега на Настасја, Хернандо Херера, кој е убеден дека сепак има што да му даде на светот на модата. „Барам фотографи и агенции за да може повторно да работи и да живее нормално. Жал ми е што не знаев како беа работите порано“.