Читам дека сопругата на Претседателот при посетата кај Папата носела креација на која на велот со глаголица биле испишани зборовите на Св. Климент: “Зарем Сонцето не грее за сите”.

(Ова некој морал до го соопшти преку пи-ар службите, инаку како би знаеле). За тоа време, нејзиниот сопруг, инаку шеф на држава, сосема нерафинирано (да не речам сељачки) ама во стилот на „хубави, љубави“ му подарува фудбалски дрес на Папата.

A во авиончето (во кое, замислете, се качи без страв) се моли на Радев странци да ни ја пишуваат историјата „за сонцето кое ги грее сите, ама не баш еднакво“. Абе шизофренија колективна ќе не’ фати!