И додека Западот ѝ воведува санкции на Русија поради инвазијата врз Украина, а многу светски компании моментално го прекинуваат работењето во таа земја, оставајќи илјадници луѓе без приходи, на некои Руси им се чини дека сето тоа е забавно и смешно.




Имено, руската инфлуенсерка Наташа објави видео во кое се потсмева со воведените санкции.




„Здраво Американци, јас сум Наташа од Русија. Сакаме да ви се заблагодариме за сите ваши санкции, што ги исфрливте од нашата земја Кока-Кола, КФЦ, Мекдоналдс и сите тие с*ања… Разбираме дека се грижите за нашето здравје. И затоа ќе бидеме посилни и поубави“, започнува инфлуенсерката во своето видео.




„Но, затоа и ние се грижиме за вас. Затоа престанавме да го извезуваме нашиот гас, па сега треба да пешачите наместо да ги користите вашите автомобили. Не мора да кажете благодарам.




Извинете, морам да одам да си ја нахранам мојата мечка, да пијам вотка и да свирам на балалајка. Се гледаме подоцна. Од Русија, со љубов“, саркастично вели Наташа.




Освен McDonald’s, IKEA, H&M, Zara, Coca-Cola, Starbucks и многу други привремено го прекинаа својот бизнис во Русија.
