Ален Вершурен, уметник и социјален работник од Белгија, наместо маска на лицето тој носи “подвижна оаза”.

Впрочем, тој го создал ова дело за себе, а истото привлече многу внимание во јавноста.

Ален прошетал низ улиците на Белгија со стаклената кутија на главата. Во кутијата пак се засадни ароматични растенија кои му создаваат доволно кислород.

-Станува збор за мала стаклена градина со која можам слободно да шетам низ градот и да бидам во мој свој балон. Оазата е место на мир, релаксација и благосостојба. А истовремено ме штити и од штетни влијанија кои доаѓаат од надвор, вели тој.