Корисник на мрежата „Тикток“ под корисничкото име @ vinil_26 објави видео на кое се гледа како луѓето постојано одбиваат да се ракуваат со Владимир Путин. Видеото набрзо стана хит на интернет и ги инспирираше троловите. Видеото досега го погледнале речиси два милиони луѓе.




„Ова е причината поради која го прави она што го прави“, напиша корисникот и набрзо почнаа да течат коментари.




„Сè што некогаш сакал Путин е да се ракува со некој…патем, и Украина“, „Фактот што ми е жал за Путин и сакам да го гушнам е показател дека моето ниво на емпатија стана ненормално високо“, „Како си се чувствуваш Путин?”, „Кутриот.




Се прашувам што прави деновиве”, „Ова е тажно”, „не знам зошто, но жал ми е за него “, се само дел од коментарите.




„Сега целосно разбирам зошто реши да започне инвазија“, напиша еден гледач.




Кој е вашиот коментар?
@vinil_26 the beginning of a villain always has to be dramatic #putin #russia #ukraine #fyp
