Иако летната сезона сѐ уште официјално не започнала, граничниот премин Евзони денес стана тесно грло за сите што тргнале кон Грција.

Патниците кои се нашле на преминот околу пладне се соочиле со повеќечасовни застои, а прогнозите за јули и август се уште понеповолни.

– На 25 април во 12 часот, на граничниот премин Богородица – Евзони, на влез во Грција, се забележани задржувања подолги од два часа. Засилениот сообраќај ги изненади многумина кои го искористија убавото време за порано да заминат на одмор, а гужвите се најизразени во утринските и раните попладневни часови – велат патници кои биле во колоната.

Грчката полиција предупредува: Летово чекање и до 12 часа?

Иако моменталната ситуација веќе е непријатна, вистинскиот „пекол“ на границите допрва се очекува. Според неофицијални информации и искуства на патници, грчките гранични служби веќе даваат загрижувачки прогнози за претстојната сезона.

Според нив, во текот на јули и август се очекуваат задржувања кои на премините