Почнувајќи од полноќ повеќе нема да има полициски час. Забраната за 100 гости на свадби исто така е укината и дозволени се концерти и забави.

Одлуката следи по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на Ковид-19 и зголемување на бројот на вакцинирани.

„Полицискиот час целосно се укинува. Веќе нема ограничување од максимум 100 гости на свадби и забави. Но, здравствените протоколи мора да се почитуваат. Се дозволуваат манифестации, концерти и забави во отворени клубови. Со капацитет до 50% од објектот, но не повеќе од 1000 луѓе“, велат од Владата.

Мерката што предизвика најголемо внимание е дозволувањето на организирање свадби за поголем број гости. Бидејќи беа забранети минатата година, оваа година на почетокот на сезоната на венчавки, се забележуваат двојно зголемен број на резервации. Ова доведе до оживување на малите бизниси поврзани со индустријата за венчавки.

„Нашите очекувања се дека работата ќе се отвори малку затоа што во времето на пандемијата работата не беше добра. Сега се гледа дека има малку промет, има луѓе и очекуваме повеќе работа“, велат оттаму.