Бројките се намалуваат, епидемиолошката крива е во опаѓање и сега има тренд бројот на испишани пациенти во болниците да биде поголем од примените пациенти. Се намалува и притисокот во болниците. Вакцинацијата се одвива добро. Денеска стигнуваат 10.000 вакцини од „Фајзер“, а секој понеделник ќе стигнуваат помеѓу 4.000 и 7.000 вакцини. Што се однесува на новите рестриктивни мерки, Владата утре треба да одлучи дали да ги прифати препораките на Штабот.




Новите препораки се полицискиот час да започнува од 21 часот наместо од 20 часот, а за време на празниците Велигден и Бајрам да нема полициски час и граѓаните да можат слободно да се движат – истакна Филипче.




Мерките ќе важат од завршувањето на сите празници, а потоа ќе дискутираме дали ќе носиме нови мерки.




„Црквите никогаш не биле затворени и никогаш нема да се затворат. Дури и да има некое ограничување, црквите ќе бидат отворени за мноштво народ.
Но доколку ова се прифати од страна на Владата, МПЦ ги замолува своите верници да се придржуваат но мерките и да држат дистанца и да носат маска.




Ние се надеваме доколку се придржуваме до овие мерки дека ќе биде со помал ри зик за зараза. Да не дојде до забуна. Најголемиот дел од луѓето кои присуствуваат за Велигден се надвор и 99 посто од присутните кога ќе се каже Исус воскресе ги напуштаат црквите и манасирите, а останува мал број ноќната служба да ја следат.




Предлогот на комисијата за заразни болести за Велигден да нема полициски час наиде на позитивен сигнал кај синодот. Портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј за тв 24 вели дека храмовите за верниците секогаш се отворени, но повика да се почитуваат мерките за празникот. Причеста со лажиче според владиката тимотеј е лична одлука на верникот.
