Деновиве на Исланд се активира вулкан, а жител на оваа држава реши преку несекојдневен настан да стане популарен во светот. Тој се обиде да испржи јајца и сланина на лавата од вулканот.




Ликот кој се вика Ерикур Хилмарсон, сепак немаше среќа, му се преврти тавата, што значи дека остана гладен. Во секој случај, видеото покажа колку е опасна лавата.




Но тој не е единствениот. Група научници од цела Европа овие денови се собра во подножјето на вулканот и додека требаше да ја испита состојбата, тие решија да си направат хот дог на лавата и да испечат виршли.
Последната ерупција на вулканот е забележана во овој регион на Исланд пред 781 година, така што ова беше историска можност за некои необични идеи.




Вулканот изби минатиот викенд, а оттогаш луѓето го посетуваат за да уживаат во неверојатниот поглед.
