Велат дека секоја жена со текот на времето се претвора во мајка, а според истражувањата има вистина во тоа

Постојат биолошки детерминанти кои, според истражувањата, се наследени од мајките, додека за татковците не е докажано дека постојат директни, задолжителни наследни фактори.

1. Интелигенција

Шансите дека сте го наследиле „умот на мајка ви“ се многу поголеми отколку што сте го наследиле од татко ви. Во студијата спроведена во Глазгов, во која учествувале 12.000 млади луѓе на возраст од 14 до 22 години, повеќето испитаници имале ист или максимум 15 поени повисок или помал IQ од нивните мајки.

2. Навики за спиење

Ако имате проблеми со спиењето, можниот виновник е вашата мајка. Во стручното списание „Sleep Medicine 2017“ беше спроведено истражување кое откри дека мајките често ги пренесуваат своите навики за спиење на своите деца, така што децата на жените кои страдаат од несоница обично спијат помалку од другите деца. Научниците не забележале такви наследни особини од татковците.

3. Младост

Ако вашата мајка изгледа млада, тогаш вие сте првата среќничка бидејќи многу е поголема веројатноста да изгледате исто на нејзина возраст. Научниците од германскиот институт за биологија на стареење „Макс Планк“ докажаа дека ДНК од митохондриите, кои ги наследуваме директно од нашите мајки, може делумно да го контролира начинот на кој старееме.

4. Менопауза

Има добри шанси да влезете во менопауза приближно во исто време од животот како и мајка ви. Студијата спроведена во 2011 година на Британскиот институт за истражување на ракот, во која учествувале над 2.000 жени, покажала дека предвремената или доцната менопауза, односно онаа што се јавува пред 45-тата година и по 55-тата година, може да биде наследна. Жените чии мајки поминале низ ваква менопауза имаат шест пати поголема веројатност да ја добијат од жените чии мајки имале менопауза на возраст од 45 до 55 години.