На социјалните мрежи кружи видео од девојче кое пее за уништената српска црква во Коњевиќ Поле кај Братунац.




Во песната се вели дека „тоа утро, грешните и земните сили јасно ја погодија Божјата куќа!“
Импресивен е стихот, во кој се вели дека „дали црквата треба да страда поради една жена“ и дека „што е свето, не треба да е важно“.
Православната црква во Коњевиќ Поле во близина на Сребреница во источна Босна беше срушена пред три дена.




Без претходно известување, багерот ја демолираше претходно испразнетата црква во раните утрински часови, а после тоа, камионите започнаа со транспорт на материјалот со најава дека сè треба да се заврши до понеделник.
Фата Орловиќ, стара жена чии поплаки предизвикаа рушење на црква која наводно била делумно во нејзиниот двор, излегла од болницата со помош на инвалидска количка.




Лажна вест дека Фата Орловиќ починала
Лажната вест дека Фата Орловиќ починала се шири на социјалните мрежи, што предизвика бројни реакции. Сепак, Фата Орловиќ е жива и е надвор од животна опасност.




ВИДЕО:
