На профилот Дневна доза на насмевки на ТИКТОК, мама Кимберли секој ден објавува снимки од нејзината ќерка Олив, во надеж дека ќе донесе малку позитивност во светот.




Нејзините видеа ја покажуваат љубовта што ја носат децата со Даунов синдром и испраќаат важна порака за нормализирање на состојбата. И со над 120.000 следбеници на ТикТок, Кимберли се чини дека ја постигнува својата цел.




Родителите се одлучија на ова слатко девојче да и подарат кукла за нејзиниот 2-ри роденден, но една што личи на неа. Кога ја отвори кутијата и го виде подарокот, Олив реагираше непроценливо.




“Ојлив е совршена за нас. Таа е создадена точно како што требаше да биде. Ние не го гледаме Дауновиот синдром како нејзина мана. Ја гледаме само Олив”, вели Кимберли, одговарајќи на луѓе кои сметаат дека е тешко да се роди дете со Даунов синдром.
