Големиот македонски празник Илинден најмногу го асоцира македонскиот народ на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици.

Пророк кој пали и гаси на небото и земјата. Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо.

Македонските граѓани денеска го прославуваат Денот на Републиката, 2. август. Чествувањата на големиот празник на македонската борба за слобода, независност и државност ќе започнат славје во Крушево под посебен протокол и дистанца поради пандемијата од Коронавирусот.