Кога сопственик на агенција за недвижнини во Мериленд во САД на вработените во текот на годишната прослава им дал црвени плика, никој не знаел што ги чека.
Лоренс Мајкранц на секој од своите 198 вработени на прославата на роденденот на компанијата им поделил по едно црвено плико, а кога работниците ги отвориле, за малку не паднале во несвест. Во секој од нив се наоѓал паричен бонус во склад со годините на работа во компанијата.




Најмалиот бонус бил 100 долари, и тоа за момче кое се уште не почнало да работи. Најголемиот бонус бил 270.000 долари.
“Сакавме да им се заблагодариме на сите вработени што толку многу ни помогнаа да ја постигнеме својата цел и сакавме да направиме нешто големо”.




Реакциите на вработените се овековечени со камери, а нивните реакции се непроценливи. Кога е запрашан поради што исплатил речиси 10 милиони долари бонус, Мајкранц изјавил:
-Многу сме горди на нашите работници, бидејќи тие се темел на успехот на компанијата. Тоа беше еден од најсјајните моменти кои ги доживеав. Сите беа преплавени со емоции. Вриштеа, плачеа, се смеаа и се прегрнуваа.




Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:
