Доколку од работа се враќате уморни, оптоварени и полни со грижи, добро ќе ви дојде оваа приказна:

Во една прилика, најмив врвен столар да ми помогне да реновирам стара куќа на теренот, а неговиот прв тежок ден на работа штотуку заврши.

Му пукнала гумата па изгубил еден час работа, му откажала електричната пила, а сега неговиот стар камион одбива да стартува. Додека го возев дома, тој сериозно седеше во камената тишина.

По пристигнувањето ме покани да се сретнам со неговото семејство. Додека одевме кон вратата, тој накратко застана пред едно мало дрво, допирајќи ги врвовите на гранките со двете раце. Пред да се отвори вратата од куќата, тој се трансформираше. Неговото исончано лице блескаше од насмевки и ги прегрна своите три мали деца и ја бакна сопругата.

Потоа ме придружуваше до автомобилот. Поминавме покрај едно дрво, а јас горев од љубопитност. Го прашав што штотуку видов.

„О, тоа е моето дрво за грижа“, одговори тој.

– Знам дека не можам да избегнам проблеми на работа, но едно е сигурно, овие проблеми не им припаѓаат дома, на мојата сопруга и децата. Затоа, само ги закачувам на дрво секоја вечер, пред да влезам во куќата. Сабајле кога одам на работа пак ги земам.

Застана за момент.

„Но, смешно е“, се насмеа тој, „кога ќе дојдам наутро повторно да ги земам, нема ни приближно толку колку што се сеќавам дека ги обесив претходната вечер“.

Споделете ја оваа приказна со вашите пријатели!