За својот документарен филм „Риба на мојата чинија“, Пол одлучил една година да јаде само риба.

Веројатно често слушате колку е рибата здрава, а авторот и риболовец Пол Гринберг решил тоа да го провери преку експеримент на сопственото тело – да јаде исклучиво риба цела година.

За потребите на својот документарец „Риба на мојата чинија“, Пол една година консумирал само риба и рибни производи, а по завршувањето на предизвикот направил здравствени анализи.

Една година јадел риба за појадок, ручек и вечера. Вели дека тоа не било лесно, иако ја сака рибата – не бил навикнат да ја јаде секој ден и тоа за сите три оброци. Сепак, успеал да го издржи предизвикот. По една година отишол на преглед.

Се покажало дека резултатите му биле речиси непроменети, освен што во меѓувреме добил покачен крвен притисок.

Сепак, резултатите не биле толку лоши. Пол вели дека се чувствувал одлично и имал многу енергија – за таа година ниту еднаш не се разболел ниту настинал.

И медицинските стручњаци подоцна се осврнале на неговото истражување. Заклучиле дека рибата не е штетна, туку е многу корисна за организмот – но само кога се консумира во умерени количини.

Сè што е претерано може да го наруши балансот во организмот.

Омега-3 масните киселини, цинкот, железото и другите минерали и витамини во рибата се неопходни за здрав живот. Малите количини жива се причина зошто рибата не треба да се јаде премногу често. Идеалната мерка е еднаш или двапати неделно. На тој начин ќе му обезбедите на телото сè што му е потребно – во вистински количини.