Според мене, со суплементите сосема непотребно го „напнувате“ имунолошкиот систем, ги оптеретувате црниот дроб и бубрезите, ризикувате да се предозирате.




Како последица на претеран внес на витамин Ц, да добиете камења во бубрези, на витамин Д – таложење на калциум во ткивата и камења во бубрезите, на цинк – дисрегулација на имунолошкиот систем (слабеење, иако вие го земате токму за спротивното!), потоа, пореметување на метаболизмот на бакарот, што ќе доведе до нарушување на метаболизмот на железото и појава на анемија заради дефицит на железо… итн.




И секако – си го празните џебот.




Предлагам да ги фрлите сите суплементи! Свртете се кон што поразновидна исхрана.




Синоним за здрава диета е медитеранската. Или ако сакате, нашата, домашна, македонска! Само преку храната е невозможно да се предозираат ниту витамините ниту минералите!

