Побарувачката за месо во Македонија нагло расте

Како што се приближуваат новогодишните и божиќните празници, побарувачката за месо во Македонија значително се зголемува.

Килограм свежо свинско месо во месарниците и големите маркети чини од 325 денари па нагоре, додека јагнешкото е речиси двојно поскапо – од 550 денари.


Од друга страна, прасечкото печење достигнува цена и до 1.300 денари, а јагнешкото оди и до 1.750 денари по килограм.

„Имаме огромен број нарачки за Нова година, но и за Божиќ. За да обезбедите месо навреме, потребно е да се јавите и до две недели однапред. Освен прасечко и јагнешко печење, многу се бара и скара, чиј килограм чини околу 795 денари. Цените малку пораснаа пред празниците поради големата побарувачка, но ќе останат вакви и наредните денови“, вели вработена во една месарница и печенјара во Скопје.

Иако многумина купуваат готово печење, има и такви што за празниците сами го подготвуваат месото. Според актуелните ценовници во големите трговски ланци:

Ценовник на свежо месо во маркетите (денари)

  • Свинско месо – 325

  • Свински бут без коска – 275–335

  • Свински каре без коска – 325–425

  • Свински филе – 400–550

  • Свински врат со коска – 240–340

  • Свинска плешка без коска – 275–420

  • Јагнешко месо – 525–550

  • Јунешки бут без коска – 700–750

  • Јунешка плешка без коска – 775

  • Јунешки ребра со коска – 725

Слични цени има и во месарниците.


Цени на жива мера на пазарите (денари)

  • Прасиња – 175–200

  • Јагниња – 250

„Цените на прасињата на жива мера на југот се движат од 175 денари, но се надеваме дека пред самиот Божиќ ќе пораснат. Колењето чини од 600 до 750 денари, а печењето 50 денари по килограм. На пример, ако прасето е 20 килограми, печењето чини околу 1.000 денари. Во некои места цената оди и до 100 денари по килограм“, вели месар и печенјар од југоисточна Македонија.