Тие биле родени сестри, од околината на Аквилеја (или Солун)
(MПЦ) и нејзините верници денес ги одбележуваат Светите маченици Агапија, Хионија и Ирина.
Нивните имиња на грчки значат Љубов, Снег и Мир.
Тие биле родени сестри, од околината на Аквилеја (или Солун).
Кога царот Диоклецијан бил во Аквилеја, наредил да се погуби познатиот духовник Хрисогон. Во тоа време еден стар презвитер по име Зоил, според верувањата на христијаните, имал видение кое му открило каде се наоѓа неговото тело, кое било оставено несобрано.
Старецот го пронашол телото на овој маченик, го положил во ковчег и го чувал во својот дом. Христијаните веруваат дека по триесет дена му се јавил Свети Хрисогон и го известил дека во рок од девет дена тие три девојки ќе пострадаат маченички, а и тој во исто време ќе почине. Истото видение го имала и Анастасија Узорешителница, која тргнала по својот учител Хрисогон.
И навистина, по девет дена починал и старецот Зоил, а трите сестри биле изведени на суд пред царот. Тој ги советувал да им се поклонат на идолите, но тие одбиле и ја исповедале својата вера во Христос.
Ирина му рекла на царот дека е бесмислено да се клања на предмети од камен и дрво, направени со раце на смртен човек.
Царот се разгневил и ги фрлил во темница, а кога тргнал кон Македонија, ги повел со себе како затвореници. Потоа ги предал на војводата Дулкитиј, кој сакал да ги обесчести, но кога се обидел да влезе кај нив додека тие се молеле, полудел и почнал да ги гушка и бакнува котлите и садовите пред вратата. Кога царот слушнал за тоа, наредил друг војвода, Сисиниј, да го преземе судењето.
По тешки мачења, судијата ги осудил првите две сестри на спалување, а Ирина ја задржал уште некое време. Кога ја испратиле во блудилиште, христијаните веруваат дека ангели ја спасиле и ја однеле на едно брдо.
Следниот ден војводата дошол со војници, но не можеле да се искачат, па наредил да ја убијат со стрели. Света Анастасија ги собрала телата на сите три сестри и ги погребала. Сите пострадале околу 304 година.
Српската православна црква ги слави на 16 април по црковен, а на 29 април по грегоријански календар.
На овој ден се верува дека треба да се замисли желба, и светите маченици ќе се потрудат да ви ја исполнат.
