Според јавното мислење, жените во одредени години треба да престанат да носат тесни или искинати фармерки и долга коса.




Многумина се прашуваат дали има забрани за жените во одредени години во изборот на облека и фризури или дали времињата се смениле, па овие видови облека едноставно се „застарени“?
Дали навистина постои временска рамка во која е дозволено или забрането да се носи или сече нешто на одреден начин?




Во едно истражување во Велика Британија, испитаниците одговарале на прашања за тоа кога жените се премногу стари за да носат тесни или искинати фармерки и кога треба да ја потстрижат косата.
Испитаниците рекле дека жените на возраст од околу 47 години немаат што да прават во тесни фармерки и дека по 45-тата година треба да ја потстрижат косата на фризура која не е подолга од рамениците.




Многу мажи во анкетата рекоа дека не е баш убаво да се видат тинејџерка и дама во 40-тите облечени на ист начин. Исто така, многу мажи мислат дека мини здолништата над колена и шорцевите не се за дами над 40 години.




Меѓутоа, жените реагирале доста луто и огорчени кога ги виделе резултатите од оваа анкета, а едната напишала дека ќе носи тесни фармерки 90 години, ако сака.




Секако, се подразбира дека овој тип на облекување се однесува на прилики кои не се формални, бидејќи не смее да се заборави основната пристојност, а тоа е да не се оди на работа, суд или во која било јавна институција во влечки, шорцеви, искинати фармерки и слично..




Што мислите, дали возраста е граница за носење одредена гардероба? ПИШЕТЕ НИ ВО КОМЕНТАР!
